Собранието попладнево, во рамки на 129 седница, со 97 гласови „за“ и ниту еден против, ги изгласа замениците и дополнителните заменици-министри во техничката Влада.
Славјанка Петровска за внатрешни работи, Санела Шкријељ за труд и социјална политика, Цветан Трипуновски за земјоделство, Гордана Димитриеска-Кочоска за финансии и Невенка Стаменковска-Стојановски за информатичко општство, се дополнителните заменици-министри.
Во ресорите остануваат досегашните заменици-министри кои на собраниската седница беа, исто така, избрани.
Имињата на предложените заменици и дополнителни заменици–министри пред гласањето ги соопшти премиерот Оливер Спасовски.
Мандатот на замениците-министри, како и на претходно именуваните министри во техничката влада, ќе трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени парламентарни избори.
*Поврзани вести:
Изгласани техничката влада – 101 пратеник гласаа ЗА
Новата техничка влада си направи „фемили фото“
Како ќе се избира техничката влада и кои ќе бидат правата и обврските на новите членови