Израелскиот писател Дејвид Гросман рече дека „борбата денес не е помеѓу Арапите и Евреите, туку меѓу оние кои се стремат да живеат во мир и фер партнерство и оние од другата страна кои се хранат со омраза и насилство“
Илјадници луѓе вечерва маршираа во Тел Авив повикувајќи на соживот меѓу Арапите и Евреите. Вакви демонстрации се одржаа и вво други градови низ Израел, со цел да се повика на мир меѓу Израелците и Палестинците по 11-дневниот конфликт во Газа, кој заврши со примирје во петокот.
Демонстрантите маршираа низ градот и подоцна се собраа на плоштадот Хабима каде им се обратија политичари и уметници.

Ајман Одех, лидер на главната партија на израелските Арапи во Кнесетот повика на формирање палестинска држава покрај Израел.
„Тука има две нации. Двете имаат право на самоопределување“,
рече тој.
Израелскиот писател Дејвид Гросман рече дека „борбата денес не е помеѓу Арапите и Евреите, туку меѓу оние кои се стремат да живеат во мир и фер партнерство и оние од другата страна кои се хранат со омраза и насилство“.
За време на конфликтот во Газа, најголем од војната на оваа палестинска територија од 2014 година, избувна насилство и меѓу Евреите и Арапите во градовите низ Израел, каде што живее мешано население.
Исто така, имаше насилство на друга територија на Западниот брег на Палестина меѓу израелските сили и палестинските демонстранти.
Конфликтот во Газа откри длабоко незадоволство кај Палестинците на териториите Палеит и во самиот Израел, меѓу другото, поради статус кво состојбата и ќор-сокакот во мировниот процес што трае со години, според Асошиејтед Прес.