Нема простор за политички манипулации и дообјаснувања во СДСМ, нема простор за амнестија. Но, има простор за вонреден конгрес“, вели Илинка Митрева, професорка и поранешна министерка за надворешни работи, во реакција за интервјуто на премиерот Зоран Заев, која ја пренесува „Плусинфо“.
„Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија. Почна од Преспа и промената на името на нашата држава, а сега посегна по идентитетот, јазикот и историјата – по ноторни историски факти, фашистичката окупација на Македонија. Капитулираше пред најголемиот напад со кој се соочила Македонија од почетокот на нејзиното постоење: уцени, притисоци и барања што задираат во темелите на македонската нација“,
вели Митрева.
Таа порачува дека евроинтеграциите ќе бидат трајна државна заложба, но не по цената што премиерот е спремен да ја плати.