Од 136 регистрирани случаи кои се заразени со новиот коронавирус во земјава, од кои 133 сè уште се активни (двајца починаа, а еден пациент се излекува), 24 се увезени, покажува деталната статистика што ја води и објавува Институтот за јавно здравје.
„Од вкупниот број случаи, 24 се импортирани, од кои за 3 има податок за контакт со потврден случај на ковид-19 за време на нивниот престој во странство. Само едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје)“,
велат од Институтот за јавно здравје.
Соодветно, 112 случаи се резултат на локална трансмисија на вирусот.
*поврзана вест Дури 108 од заразените 133 лица се лекуваат во домашни услови, 41 немаат никакви симптоми