Тројца од четворица заразени од новиот коронавирус во земјава немаат симптоми или се со лесна клиничка слика поради што се лекуваат во домашни услови. Ова го покажуваат официјалниот податоци што ги објавува Институтот за јавно здравје.
Станува збор за 108 лица кај кои е регистриран вирусот, а се во домашна изолација. Од 133 лица кои се активни случаи 25 се на болничко лекување. Двајца досега починаа, а една пациентка целосно се излечи.
Во однос на симптомите што се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (69,5%), температура (65,3%), слабост (31,6%), болка во грло (25,3%), треска (24,2%) и главоболка (24,2%), а 41 лица се без симптоми.
Највисок број пријавени случаи на дневно ниво, дури 29, е регистриран во саботата на 21 март.
