Најпопуларното детско и тинејџерско шоу „Дајте музика“ ќе одржи голем спектакуларен концерт на 27-ми мај, на стадионот на АРМ во Скопје, во организација на „Авалон Продукција“.
Публиката ќе може во живо да ги слушне сите нивни огромни хитови од популарниот серијал, како и нов материјал, а концертот ќе биде збогатен и со специјални гости кои се чуваат како изненадување до самиот настан.
На денешната прес конференција, првиот човек на Авалон Продукција, Бобан Милошески истакна дека интересот за овој настан е навистина огромен уште од првата најава за концертот и дека влезниците се трошат навистина многу брзо. Додаде дека проектот е навистина многу сериозен и дека се работи со апсолутна љубов.
„Да бидеме реални, Македонија во својата независност, а и пред тоа, од областа на ентертејнментот има изградено многу малку сериозни брендови. „Дајте музика“ како бренд е институција на свој начин и поради тоа мене ми претставуваше особено задоволство да влеземе во овој проект, да го обликуваме, да се обидеме да го дигнеме на едно концертно ниво и навистина ми е големо задоволство што ќе го организираме и не го делам овој проект од останатите светски проекти. Ова за мене е светски проект“,
– изјави Милошески.
Милошевски дополни и дека концертот се работи и по сите стандарди, вклучувајќи ја и безбедноста на децата.
„Не треба воопшто да се грижат се ќе биде организирано на највисок светско ниво дури еден ден порано од Бугарија доаѓа и Моџо ограда како што се користи за големи стадионски светски концерти само од безбедносни причини тоа е оној тип на ограда кој неможе никако никој да го прескокне“,
вели Милошески.
Продуцентката на проектот „Дајте Музика“, Цаци Паковска, рече дека децата се идоли на новите генерации и убаво е што македонската младина се идентификува со нив, а не со странски изведувачи. Додаде и дека групата се подготвува долго време бидејќи децата на концертот ќе настапат во живо.
„Решивме овој пат до дигнеме нивото односно да го направиме на многу повисоко ниво ако претходно повеќе беше митап концерти сега ќе биде лајв концерт каде што децата ќе пееат во живо наголемо се подготвуваме не сакам да звучиме нескромно навистина ќе делува светски и со самото тоа што концертот ќе почне во 20:00 кога веќе се стемнува децата ќе имат можност да доживуват концерт она што ние како родители сме имале можност да го доживееме“.
рече Паковска.
Таа додаде дека со нивната авторска музика, истовремено промовират македонска музика и особени се горди што целиот тим на „Дајте музика“, во кој што се вклучени 40 деца, најголемите таленти имат свои песни.
На прес конференцијата беа присутни и главните ѕвезди на концертот: Миха Гигов, Кристина Мукаетова, Филип Поповски и Анастасија Џабирска. Тие на новинарите им открија дека подготовките за претстојниот концерт на 27-ми мај течат со полна брзина и во најдобар ред.
„Овој концерт за нас е огромна чест. Сакам енргијата која што ја имавме на огромната сцена на јуниорската Евровизија да ја почуствува целата Македонија. Ви ветуваме дека ова ќе биде незаборавно искуство“.
рече Филип Поповски.
Тие ги поканија сите нивни обожаватели да дојдат на 27-ми мај на стадионот на АРМ во Скопје, а посебна покана и билети испратија и до децата од СОС Детско село.


Генерален спонзор на концертот на „Дајте музика“ е Бекутан, а покровител е „Вива сокови“.
Влезниците се` уште се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, на плоштадот „Македонија“ и онлајн на www.avalon.mk , и тоа по цени од 400 денари за партер и 600 денари за фан пит.