Владата, како што изјави денеска Маричиќ во Брисел, на вчерашната седница го отворила прашањето за започнување консултативен процес во рамките на кој во наредните денови и недели треба да бидат формулирани уставните амандмани во инклузивен процес со повеќе експерти во кој да учествува и да даде свој придонес е повикана и опозицијата
Според вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, идеално би било собраниската процедура за уставни измени да започне пред летото, некаде во јуни, за да може целата постапка да биде спроведена во еден инклузивен процес во кој ќе бидат вклучени повеќе експерти и опозицијата.
Владата, како што изјави денеска Маричиќ во Брисел, на вчерашната седница го отворила прашањето за започнување на консултативен процес во рамките на кој во наредните денови и недели треба да бидат формулирани уставните амандмани.
„Владата на вчерашната седница го отвори ова прашање и мислам дека под водство на Министерството за правда ќе започне еден консултативен процес, со кој во наредниов период, во наредниве неколку дена или не повеќе од две-три недели, ќе се формулираат уставните амандмани во еден инклузивен процес со повеќе експерти, дури мислам дека ќе биде повикана и веќе беше повикана и опозицијата да учествува во овој процес и да даде свој придонес во формулирањето на амандманите“,
истакна Маричиќ, јави дописникот на МИА од Брисел.
По нивното формулирање, посочи тој, ќе следи јавна расправа на која ќе се дискутира по овие амандмани во однос на нивната суштина. Дискусијата, според вицепремиерот, пред сè ќе биде во однос на нивното значење, надвор од самото внесување на неколку заедници во Уставот. По ова, се очекува измените да влезат во собраниска процедура.
Дали во Собранието ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени, според Маричиќ, е „прашање за милиони долари“ на кое во овој момент тој не може да одговори.
„Можам да кажам дека ние ќе се потрудиме и ќе направиме се оваа година, до крајот на скринингот, да ја завршиме обврската од Преговарачката рамка со двотретинско мнозинство да го смениме Уставот и да внесеме неколку заедници во него – во Преамбулата и во делот на Комитетот за меѓунационални односи на Собранието“,
рече Маричиќ, цитиран од државната новинска агенција.
За важноста на уставните измени тој очекува да стане збор и за време на претстојната посета на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Скопје в петок.
„Ние ќе ги искористиме тие средби и таа можност да укажеме на тоа дека е важно, доколку сакаме да успееме во процесот на уставни измени и во процесот на имплементација на договореното со „францускиот предлог“, дека ќе мора партнерски да функционираме и од двете страни и од Скопје и од Софија“,
рече Маричиќ.
Вицепремиерот за европски прашања изрази жалење што во предизборната кампања која е во тек во Бугарија во настапите на бугарски политичари провејуваат изјави и ставови кои не се партнерски во контекст на односите со земјава. Очекувањата на Маричиќ е тоа да се смени по завршувањето на изборите.
„Јас очекувам дека и премиерот и врвот на Владата ќе има можност да разговара за тоа и со Борел и со Вархеји“,
посочи Маричиќ.
Борел и Вархеји в петок во Скопје ќе учествуваат на седницата на Советот за стабилизација и асоцијација, настан кој, според Маричиќ, е многу важен.
„Обично тој се случува овде во Брисел и сега првпат практично целата структура на Советот од европска страна доаѓа во Скопје за да ја одржи оваа седница. Тоа е добар сигнал и одличен сигнал сам по себе“,
заклучи министерот за Маричиќ.
Борел и Вархеји в петок во Скопје ќе учествуваат на седницата на Советот за стабилизација и асоцијација, настан кој, според Маричиќ, е многу важен.
„Обично тој се случува овде во Брисел и сега првпат практично целата структура на Советот од европска страна доаѓа во Скопје за да ја одржи оваа седница. Тоа е добар сигнал и одличен сигнал сам по себе“,
заклучува вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ.
Инаку, Маричиќ на 18 февруари во интервју за Македонското радио ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека е време да разговараат за уставните измени.
„Дали јавно или вон очите на јавноста, сеедно, секако треба да почне разговорот. Тоа би била суштинска расправа околу уставните измени“,
рече тогаш Маричиќ.
На неговиот повик следеше експресна реакција од ВМРО-ДПМНЕ од каде што го отфрлија предлогот и порачаа дека Маричиќ нема ниту мандат ниту овластување од граѓаните да разговара за уставните измени.