Вториот тест за ковид-19 на техничкиот премиер Оливер Спасовски е негативен, информираше тој на својот профил на Фејсбук и најави дека од утре се враќа на работа.
„Денеска го добив резултатот од вториот тест на коронавирус и тој е – негативен. Уште денеска останувам во самоизолација согласно протоколот, а од утре повторно во исполнување на редовните обврски од работното место. Да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата реалност. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца од два метри, да се чуваме, а со тоа да ги чуваме и другите. Почитувањето на мерките го чува здравјето и животот. Со еден таков заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме битката со ковид-19“,
напиша Спасовски на Фејсбук.
Спасовски беше во самоизолација поради контакти со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој е позитивен на коронавирусот.