Едно лице е повредено од остатоците на рускиот дрон, потврди градоначалникот Кличко
И во текот на новогодишниот период Русија продолжува со нападите на украинска територија за што сведочат и сирените за воздушен напад кои синоќа се огласиле во Киев.
Регионалниот гувернер Олексиј Кулеба објави дека руските сили синоќа непосредно пред полноќ започнале напад кој бил насочен кон критичната инфраструктура. Нападите, според неговите тврдења, се со дроновите „Шахид“. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го потврди нападот и објави дека од остатоците на руски дрон било повредено 19-годишно момче.
Само во првите неколку часа од вториот ден од 2023 година, како што објави градската воена управа, соборени се 16 беспилотни летала над Киев.
Русија напаѓаше и во текот на новогодишната ноќ кога ви Киев загина најмалку едно лице.
Во меѓувреме украинските вооружени сили тврдат дека во текот на новогодишната ноќ убиле 400 руски војници во областа Донецк која е под руска окупација. Проруските власти во овој регион, пренесува „Би-би-си“ потврдиле дека има жртви, но официјална Русија одбива да го потврди бројот на загинати.