Србија ја продолжи забраната за движење која предвидува полицискиот час да започне од петок во 17 часот и да трае до пет часот во понеделник, како мерка против ширење на коронавирусот.
Досега забраната за движење важеше од сабота во 13 часот до понеделник во пет часот наутро, и тоа не се однесуваше на лицата над 65 години кои имаа можност да купуваат во сабота наутро од четири до седум часот.
Од забраната за движење се изземени сопствениците на миленичиња, кои и досега можеа да ги шетаат своите миленици во вечерните часови од 23 до еден часот, а во недела од осум до 10 часот наутро.
Досега во Србија од ковид-19 се заболени 2 666 лица, од кои 65 починаа. Денеска се дијагностицирани 219 новозаболени и четири смртни случаи.