Иранската потпретседателка, одговорна за прашањата на жените и семејството, Масуме Ебтекар, е заразена со коронавирус, јави агенцијата ИРНА.
„Постоеја некакви знаци на инфекција, таа беше испитувана, а тестот се покажа позитивен“, соопшти советникот на потпретседателката за иранската агенција.
Според последните податоци од Иран, бројот на инфекции веќе достигна 245, од кои 26 се со фатален исход.
Завчера иранскиот министер за здравство потврди дека и неговиот заменик е инфициран од новиот вирус.