Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, соопшти дека оди во самоизолација и ќе работи од далечина откако е утврдено дека бил во контакт со лице заразено со коронавирус.
„Дознав дека сум бил во контакт со личност која има позитивен тест на ковид-19. Во согласност со здравствените правила, јас сум во карантин“,
напиша Моравјецки на Фејсбук.
Тој најави дека останува во контакт со соработниците, а владата работи нормално.
Во последните 24 часа во Полска се регистрирани 5 068 нови заразени и 63 смртни случаи, со што вкупно во земјата се инфицирани 135 278, односно починале 3 101 лице како последица на ковид-19.