Во Грција денеска се регистрирани 110 нови случаи на ковид-19, троцифрен број прв пат по подолго време.
Само девет од новозаразените се по направените тестови на влезните точки во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, најголемиот број од денешните случаи се во Солун -37, од кои 10 се од свадба, 23 се во Кавала, 19 во поширокиот регион на Атина, по три на Крф и Халкидики и тн.
Бројот на нови случаи во Грција секојдневно расте, со оглед на тоа дека во понеделникот беа регистрирани 35 новозаразени, вчера 78, а денеска 110, додека пак во изминатите шест дена, има вкупно 397 нови случаи.
Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.587 заразени со ковид-19, а починаа 206 лица.