Регионалниот лидер на Каталонија, Ким Тора, изјави денеска дека е позитивен на коронавирус и ќе биде во самоизолација во зградата на владата.
Вицепремиерот на Каталонија, Пере Арагонес, вчера, исто така, истакна дека е позитивен на тестот за коронавирус.
Во Шпанија има 7 753 заразени лица со ковид-19 и 288 починати.
Меѓу заразените се и сопругата на шпанскиот премиер и две министерки.