По Шпанија каде за само еден ден има над 1 500 нови случаи на коронавирус, бројот на заразени лица бележи голем раст и во Холандија. За 24 часа бројката се зголеми од 155 на 959.
Холандскиот институт за јавно здравје соопшти и дека во тој период бројот на смртни случаи од два се зголеми на 12.
Околу 800 нови случаи беа регистрирани и во Франција.
Споменатата Шпанија, пак, е и пред прогласување на блокада на државата.