И да немаше карантин, многумина македонски граѓани ќе отпатуваа надвор од своето место на живеење, со оглед на тоа што доаѓа летна сезона, времето се стоплува, а имавме и продолжен викенд.
Вака министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција, во неколку наврати коментираше за масовното заминување во четвртокот, посебно на скопјани, од општините каде што беше прогласен 80-часовен карантин за Задушница во туристичките центри низ земјава.
„Секако ќе имаше многу патувања од местото на живеење, ако се има предвид дека имаме продолжеб викенд. Ние мора да научиме да живееме со вирусот, ама каде и да се оди мора да се почитуваат мерките за лична заштита – носење маскамиење раце и одржување физичка дистанца“,
рече Филипче.