По премиерот Борис Џонсон, и британскиот министер за здравство Мат Ханкок е позитивен на тестот за коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми.
Нему му се појавиле првите симптоми во средата навечер, по што му бил направен тест кој покажал дека и тој е заразен од вирусот. Хенкок е во самоизолација и работните обврски ќе ги извршува од дома.
Последните информации од Британија навестуваат дека постои опасност и други членови на кабинетот на Џонсон да се заразени од коронавирусот.