Според првичните информации, нема извештаи за жртви бидејќи експлозијата се случила подалеку од станбени згради

Литванскиот оператор на системот за транспорт на гас, „Амбер Грид“, пријавил дека денеска околу 17 часот дошло до експлозија на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија, пренесува Ројтерс.
Според првичните информации, нема извештаи за жртви бидејќи експлозијата се случила подалеку од станбени згради, јавуваат локалните медиуми.
Операторот на системот истакна дека системот за транспорт на гас се состои од два паралелни гасоводи, при што нагласи дека експлозијата се случила на едниот, додека другиот не е оштетен.
Локалните власти соопштија дека испораките на гас веднаш биле прекинати кога пламените јазици високи 50 метри го зафатиле литванскиот кварт Пасвалис, каде што се наоѓа гасоводот.
„Во моментов сите наши напори и напорите на надлежните служби се насочени кон контрола на последиците од пожарот и обезбедување безбедност“,
изјави Немунас Бикниус, раководител на „Амбер Грид“.
Градоначалникот на округот Пасвалис Гинтаутас Гегужинскас вели дека во близина на експлозијата нема куќи и нема непосредна опасност по имот.
„Специјалните служби работат, сообраќајот привремено e во прекин“,
продолжи тој.
Соседното село Валакелиаи се евакуира, изјави за БНС Одета Јукниуте, портпаролка на окружната полиција Паневежис.
Валакелиаи има население од околу 250 жители и се наоѓа на 4 километри западно од Пасвалис, на автопатот Шијаулиаи-Пакруојис-Пасвалис.