Епизодата од два последователни дена со висока загаденост е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, информираат од Град Скопје

Oд утре, среда, прекинува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за сите граѓани. Одлуката, која беше времена, беше донесена во понеделникот, а како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.
„Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање“,
информираат од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека ќе продолжат и натаму да ја следат состојбата со аерозагадувањето и во случај од потреба за повторно активирање на мерките, меѓу кои и бесплатен јавен превоз, ЈСП Скопје навремено ќе ја информира јавноста.