Вкупно 21 е бројката на смртни случаи од ковид-19 во земјава за кои извести денеска Министерството за здравство, а 10 од нив се од претходните три седмици
Висока е и денеска презентираната бројка на смртни случаи како последица на ковид-19. Како што соопштија од Министерството за здравство, починале 21 пациент. Од евидентираните починати, како што се наведува, 10 се со датум на смрт од претходните три недели, а денес пријавени во ИЈЗ.
Дури 11 од починатите се од Тетово и тие се на возраст од 72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73 години. По двајца починати има во Скопје и во Кавадарци, на возраст од 87 и 65 и на 64 и 59 години.
По еден смртен случај има и во Куманово (75г), Прилеп (84г), Штип (78г), Охрид (69г), Кавадарци (64 и 59г), Кочани (71г) и Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови.
Бројката на новозаразени денеска во Тетово е 13 нови случаи на ковид-19 од вкупно 444 во земјава во последното деноноќие.
Направени биле 2 518 тестирања. Од позитивните 444, најмногу (209) се повторно во Скопје.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти. Од нив 497 се од Скопје, а 49 од Тетово.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91 161, бројката на оздравени пациенти е 79 621, на починати е 2 812, а бројот на активни случаи изнесува 8 728.
Во Скопје се активни 4 855 случаи, а во Тетово 326.