Во Хрватска е регистриран и седмиот случај на заразен со коронавирусот. Повторно станува збор за лице кое било во контакт со претходно заболените.
Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, смета дека најважно во овој момент е што во оваа фаза на одбраната заразата е сведена на поединечни случаи во неговата земја.
„Не знаеме како понатаму ќе се однесува вирусот. За очекување е дека со мутации ќе слабее, но мораме да бидеме спремни дека ќе биде и поинаку. Со доаѓањето на поубаво време, луѓето излегуваат повеќе на отворено, повеќе ги проветруваат просториите и ултравиолетовите зраци делуваат на вирусот, па можеме да очекуваме негово слабеење“, изјави денеска министерот Берош.