Пукањето се случило пред ноќен клуб, а очевидци велат дека виделе како едно лице му пука во глава на друго лице
Хрватската полиција е во контакт со колегите од Србија и Црна Гора и заедно работат на расветлување на убиството бидејќи убиецот е српски, а убиениот е црногорски државјанин
Шефот на полициската управа Паг, Жељко Бљајиќ, во изјава за новинарите во врска со пукањето утринава на плажата Катарелац, на островот Паг, потврди дека е убиен маж од Црна Гора, а осомничениот е државјанин на Србија.
„Утрово полицијата добила дојава дека од огнено оружје е рането машко лице. Осомничениот е уапсен, а ранетиот починал на пат кон болница. Не можам да коментирам дали се работи за нарачано убиство, но и за оружјето што е употребено“,
рече тој.
Хрватската полиција е во контакт со колегите од Србија и Црна Гора и заедно работат на расветлување на убиството, пренесува Задарски.хр.
Пукањето се случило пред ноќен клуб, а очевидци велат дека виделе како едно лице му пука во глава на друго лице.
Како што неофицијално пренесуваат хрватските медиуми, полицијата ја истражува и можноста за пресметка во мафијашки кругови и за нарачано убиство.
По пукањето, осомничениот српски државјанин ги фрлил сите свои работи и побегнал, но полицијата за десет минути го уапсила.