Хрватската амбасадорка во Европската Унија, Ирена Андреси, е ставена во изолација поради коронавирусот, пренесуваат хрватските медиуми.

Таа е во изолација зашто така налагаат протоколите бидејќи била во директен контакт со вработен во Советот на ЕУ за кого било потврдено дека има коронавирус.
Покрај амбасадорката, и на останатите вработените во Мисијата на Република Хрватска во Брисел им е препорачано да останат дома.
Покрај заразениот со кој Андреси била во директен контакт, во институциите на ЕУ е потврден уште еден позитивен случај на коронавирус. Станува збор за вработен во Европската агенција за одбрана.