Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека утре во Брисел ќе започнат преговорите меѓу Косово и Србија.
Хоти порача дека договор со Србија ќе се постигне единствено кога тој ќе се заокружи со меѓусебно признавање.
„Нема да има меѓудоговор или парцијален договор кој не го решава проблемот засекогаш. Ќе има само конечен договор за меѓусебно признавање, кој е систематски и во кој ќе бидат адресирани сите прашања кои треба да се решат меѓу две независни држави, врз основа на меѓународните конвенции, стандарди и практики за регулирање на односите меѓу две независни држави“,
напиша Хоти на Фејсбук.
Хоти додаде и дека денеска имал средби соспецијалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак и заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер.
„Многу сум задоволен што гледам целосна координација меѓу ЕУ и САД во врска со конечниот договор меѓу Косово и Србија“,
напиша Хоти на Фејсбук.