Во болнички услови како резултат на ковид хоспитализирани се 354 пациенти, од кои 351 се позитивни на новиот коронавирус, а тројца се сусптектни.
Денеска на Инфективната клиника во Скопје се примени 13 нови пациенти и сега вкупно има 83 пациенти со ковид.
Од нив на кислородна поддршка се 43 пациенти и нема ниту еден пациент на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот, и тројца пациенти се суспектни на вирусот.
Денеска во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови пациенти и со ова бројот на хоспитализирани во оваа болница изнесува 72. Од нив петмина се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
