Холандската Влада соопшти дека нема да бара од граѓаните да носат заштитни маски како дел од мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот, бидејќи смета дека нивната ефикасност не е докажана.
„Бидејќи ефикасноста на маските не е докажана од медицинска перспектива, кабинетот одлучи дека нема да има никаква обврска да се носат заштитни маски. Наместо тоа, Владата ќе побара од граѓаните подобро да ги почитуваат мерките за физичка дистанца, бидејќи бројот на пациенти е во пораст оваа недела“,
рече министерката за здравство Тамара ван Арк по анализирањето на извештајот на Институтот за јавно здравје.
Оваа одлука е спротивна од ставот на голем број други европски земји кои воведоа обврска да се носат заштитните маски во сите затворени простори, но и на отворено доколку нема можност да се држи дистанца.