Согласно информациите од стручните лица надлежни за Информатичко-компјутерска технологија (ИКТ), станува збор за напад однадвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси, но е достапна за домашните корисници“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери
Интернет-страницата на Законодавниот дом денеска била цел на хакерски напад, но, како што информираа оттаму, попладнево таа е вратена во функција, но само за домашните корисници.
Станува збор за напад однадвор, односно напад од повеќе конекции кој предизвикал недостапност на интернет-страницата.
„Информираме дека интернет-страницата на Собранието е вратена во функција. Согласно информациите од стручните лица надлежни за Информатичко компјутерска технологија (ИКТ) станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси, но е достапна за домашните корисници“,
се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Оттаму додаваат дека во меѓувреме надлежните служби ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен.
На почетокот на февруари мета на масивен хакерски напад беше системот на Фондот за здравствено осигурување што предизвика застој во исплатата на платите за здравствените работници и издавањето на лекови за пациентите во аптеките.
По две недели работа на стручните тимови од земјава и од странство системот беше вратен во функција.