Гувернерот Мајк ДеВин доби негативен резултат на тест за коронавирусот само неколку часа по резултатите од брзиот тест на кој се покажа позитивен на вирусот. Резултатите од брзиот тест го спречија гувернерот да оствари средба со претседателот на САД, Доналд Трамп што требаше да се случи во Охајо.
Како што пишува Њујорк Тајмс, брзиот тест дал погрешни резултати, а позитивниот тест дошол како големо изненадување за ДеВин бидејќи тој немал никакви симптоми, освен слаба главоболка.
ПЦР тестот кој му бил направен подоцна во денот, а за кој е потребно лабораториско обработување на податоци ги демантираше резултатите од брзиот тест.
Неговата сопруга, Фран, како и неговите колеги од кабинетот се исто така негативни на вирусот.
„Се чувствуваме сигурни во резултатите“, се вели во изјавата на гувернерот доцна во четвртокот, истакнувајќи дека негативниот резултат бил потврден двапати.