Во гостување на Сител, Груби, на прашање дали тој ќе биде премиерот од редовите на ДУИ, согласно со коалицискиот договор со СДСМ, рече дека е рано да се зборува за тоа, затоа што ова мнозинство планира да го истера целиот мандат
Според Артан Груби, првиот „прв вицепремиер“ во македонската влада, ова владејачко мнозинство на СДСМ и на ДУИ планира да го истера целиот мандат, а прмиерот што ќе го замени Заев сто дена пред следните парламентарни избори во 2024 година, како што вели, ќе биде поалитички, а не технички.
Во гостување во вестите на Сител, Груби, на прашање дали тој ќе биде премиерот од редовите на ДУИ, согласно со коалицискиот договор со СДСМ, рече дека е рано да се зборува за тоа.
Сега не би можел да кажам за тоа. Сепак, дотогаш има уште три и пол години. Планираме и очекуваме ова мнозинство да го истера целиот мандат. Само можам да кажам дека следниот премиер нема да биде технички, туку ќе има полn мандат како и Заев сега“
рече Груби.
Тој посочи дека, неодамнешните промени на Деловникот на Владата за воведеување на позицијата прв вицепремиер, всушност, значат само формализирање на оваа функција, затоа што и неговите претходници Муса Џафери (во Секретријатот за Рамковен договор) и Садула Дураки (во Министерството за политички систем) биле задолжени за координација меѓу коалициските партнери во Владата.
Груби рече дека немал примопредавање на функцијата со сопартиецот Дураки затоа што тој во тоа време бил на пат.
За распитот на лидерот на ДУИ Али Ахмети во Приштина, Груби рече дека тој бил таму за да ја каже вистината за ОВК и за ОНА и за сето она што го работел од 1988 година досега. Затоа и тој му искажал поддршка преку видео насловено „Финалната битка на Ахмети“.