Сè уште не е постигнат договор помеѓу СДСМ и ДУИ, вели Артан Груби од ДУИ како реакција на информацијата што ја објави Канал5 дека договор за формирање на нова Влада е постигнат и дека дел од ресорите се распределени.
Груби вели дека ваквите лажни вести се лиферувани од страна на албанската позиција, а со тоа им ги нарушуваат позициите на ДУИ во преговорите.
„Постојаните лажни вести произведени од албанската опозиција ги поткопува преговарачките позиции на ДУИ. Тие прават се за да ја избегнат одговорноста во своите редови поради неуспехот на изборите и измамата што ја направија кон граѓаните“,
вели Груби за Коха.
Претходно, со реакција на веста што доцна попладнево ја објави Канал5 ја демантираше и СДСМ. Тие рекоа дека не е вистина дека има договор за премиер, а исто така не е вистина дека се договорени персонални решенија и поделби на ресори.
„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори“,
рекоа од СДСМ.
Канал5 пет објави дека договорен бил премиер по принципот три години за Зоран Заев, а една за Насер Зибери, со тоа што ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.