За можното влегување на Алијанса за Албанците во Владата, Груби вели дека за да се случи тоа никој не мора да излезе, па ни Алтернатива
Кога Али Ахмети зборува за иднината на Македонија, а во тој контекст за евроинтеграциите и за широк партиски консензус, треба сериозно да се слушнат неговите аргументи, зашто неговото искуство е огромно и нему никој од нас во ДУИ не може да му врши притисок, рече вицепремиерот Артан Груби во интервју за ТВ Клан.
„Господинот Ахмети е една од ретките национални личности, учесник во три војни, учесник во сите револуционерни движења на албанската нација во минатото и не гледам кој од нас може да изврши притисок врз господинот Ахмети. Било да е Артан било да е Бујар или Крешник. Ако Ахмети не постоеше, ќе требаше да се измисли“,
вели Груби.
За можното влегување на Алијанса за Албанците во Владата, Груби вели дека за да се случи тоа никој не мора да излезе, па ни Алтернатива. Тој нагласи дека е важно да се создаде голем проевропски политички фронт за соочување со антиевропските сили.
„Токму тоа и беше причината за влез на Алтернатива на Африм Гаши во Владата минатата година. Зошто сега Алтернатива би се откажала од власта поради каква било функција повеќе или помалку, кога повторно во прашање е проевропскиот процес? Како може да го напушти процесот на половина пат само поради една или две причини?“,
рече Груби.