Пливањето, подводниот риболов, како и морските рекреативни средства се забранети во Грција и не спаѓаат во исклучоците од мерките за ограничување на движењето во земјата, појаснија денеска од Министерството за поморство на Грција, пренесе МИА од Атина.
Денешното соопштение од надлежното министерство доаѓа откако во изминатите денови, според грчките медиуми, во земјата биле регистрирани случаи на зимски пливачи, на кои им била изречена казна од 150 евра бидејќи пливањето не спаѓа во исклучоците од забраната за движење на граѓани, во делот на физичката активност.