Од 8 јули, сите угостителски објекти во Грција, како што се баровите, кафулињата и местата за забава, ќе работат само за гости кои седат на маса, а за прекршување на мерките предвидени се строги казни и затворања на објектите, соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас.
Денешната одлука доаѓа по зголемениот број на нови случаи во Грција и организирањето забави за младите. Како што рече Хардаљас, просечната возраст на новозаразените е 27 години.
Во изминатите 24-часа во Грција беа регистрирани 1 797 нови случаи на ковид-19.