Досега оваа потврда важеше 180 дена, а сега е поднесен амандман со кој се преполовува рокот на важност
По препорака на надлежната комисија составена од епидемиолози при Министерството за здравство на Грција, важноста на потврдата за прележан ковид-19 во земјата се намалува од 180 на 90 дена, јави МИА од Атина.
Ваков амандман веќе е доставен во грчкиот парламент и предвидува потврдата да важи само ако лицето прележало ковид-19 во последните три месеци.
Од минатата седмица промени има и во однос на начинот на издавање на потврдата.
Министерот за здравство Танос Плеврис соопшти дека потврдата за прележан ковид-19 ќе се издава само со направен ПЦР-тест, а не со рапид-тест како што беше пракса досега.
„Кога некој е позитивен, ќе може да влегува во карантин со рапид или со селф-тест, но за да има потврда за прележана болест ќе треба да направи ПЦР“,
објасни во четвртокот министерот за здравство на Грција.