Како што информира владината прес-служба, вицепремиерката Грковска и новата амбасадорка Агелер разговарале за потребата за промена на пристапот во однос на антикорупциските политики, со цел да се постигнат подобри резултати
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер и изрази уверување оти нејзиното искуство и одлучност ќе придонесат за поефикасен пристап во борбата против корупцијата.
Како што информира владината прес-служба, Грковска и Агелер разговарале за потребата за промена на пристапот во однос на антикорупциските политики, со цел да се постигнат подобри резултати.
„Амбасадорката Агелер ги поздрави напорите што вицепремиерката Грковска и нејзиниот кабинет ги преземаат во делот на зајакнување на транспарентноста на институциите, како клучна алатка во борбата против корупцијата“,
се наведува во влдиното соопштение.
Вицепремиерката Грковска, пак, се заблагодарила за континуираната американска помош, како во однос на нашиот евроинтеграциски пат, така и во однос на јакнење на капацитетите во сите области.
„На состанокот се разговараше и за поддршката што САД ја обезбедува на Северна Македонија во делот на процесот за дигитална трансформација на општеството, што беше оценето како клучен процес за зајакнување на капацитетите, одговорноста и професионалноста на инстиутуциите“,
додаваат од владиниот прес-центар.