Владата во Атина веднаш ги осуди ваквите навредливи зборови
Десничарскиот грчкиот дневен весник Димократија објави скандалозна насловна страница, со пцовка на турски јазик упатена до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, што веднаш наиде на остри осуди од грчката Владата.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и Министерството за надворешни работи на Грција, реагираа и ја осудија насловната страница на грчки дневен весник поради упатени погрдни зборови до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина.
„Слободата на говор и независноста на медиумите се негуваат од грчкиот народ и се заштитени во нашиот Устав. Ова, сепак не ја негира одговорноста да се почитува странски лидер. Навредливиот јазик е спротивен на нашите вредности и може само да биде осуден од грчката Влада“,
напиша портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас денеска на неговиот официјален Твитер – профил.
И од грчкото МНР реагираа дека употребата на навредливи изрази е штетна за политичката култура во земјата.
„Слободата на изразување и слободата не медиумите се гарантирани во Грција, но ова не ја негира обврската за воздржување од упатување навреди кон личности и странски лидери и може само да се осуди“,
соопштија од грчкото МНР.
Димократиа вчера на насловната страница објави пцовка до Ердоган по што во Министерството за надворешни работи на Турција бил повикан гркиот амбасадор во Анкара.