Сопствениците на домашни миленици ќе имаат дозвола за време на викендите да ги шетаат милениците половина час од 20 до 20:30 часот, одлучи Владата.
Тие нема да смеат да се оддалечат од живеалиштето повеќе од 100 метри и да се групираат со други лица.
Владината одлука е донесена денеска, а за неа информираше техничкиот премиер Оливер Спасовски за својот профил на Твитер.
На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици – за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање.
— Oliver Spasovski (@o_spasovski) March 30, 2020
Одлуката следува по низата реакции од сопствениците на миленици, невладините организации и Ветеринарната комора, кои побараа да им се дозволи излез на сопствениците на миленици, посочувајќи дека полицискиот час за викенд е многу долг и дека мора да се најде баланс меѓу заштитата на населението од коронавирусот и благосостојбата на животните.