Заемот, за кој одлука донесе Владата, е од Комерцијална банка, а отплатата е на 84 рати
Градот Скопје ќе подигне кредит од 766 милиони денари (близу 12,5 милиони евра) од Комерцијална банка АД Скопје, а со цел изградба и реконструкција на локални патишта.
Владата на седницата што се одржа оваа недела донела одлука за задолжувањето, која е веќе објавена и во „Службен весник“ и од денеска стапува во сила.
Градот Скопје ќе го отплаќа кредитот 84 месеци, со вклучен грејс-период од 24 месеци.