Според годиппниот план, проверката на имотот и интересите на овие функционери ќе биде во три квартали, а податоците ќе бидат јавни
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) усвои годишен план за проверка на имотната состојба и интереси за 2021 година, кој ќе биде во три фази (квартали) во кои ќе бидат опфатени градоначалници, судии и функционери.
Проверката ќе се прави за оние лица од овие категории за кои граѓаните имаат поднесено претставка, по што ќе се направи селекција и ќе бидат објавени, соопшти претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.
Првиот квартал ќе го опфати периодот во пресрет на локалните избори и во него ќе биде проверувана имотната состојба и интереси на 15 градоначалници и градоначалникот на Град Скопје. Ивановска рече дека селекцијата, кој ќе биде под лупа на Антикорупциска, ќе биде направена во зависност од средствата со кои располагале.
Во вториот квартал ќе бидат опфатени судии, меѓу кои и двајца претседатели кои не беа опфатени минатата година, а во третата фаза – владини функционери, што е обврска од ГРЕКО.
