Град Скопје најавува дека утре (вторник) и задутре (среда) во раните утрински часови ќе спроведе вонредно прскање против комарци.
„Поради изразената влага во вегетацијата, која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука да спроведе вонредно прскање на комарци“,
велат од Градот.
Прскањето ќе биде авионско, а ако временските услови не го дозволат тоа, ќе се изврши првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни.