Двајца разбојници доцна синоќа ограбиле бензиска станица на „Макпетрол“, лоцирана на улицата „Александар Урдаревски“ во Општина Бутел, Скопје.
Разбојниците, кои биле вооружени и носеле фантомки на главите, ја одзеле чантата со прометот од вработен на бензинската. Пред да избегаат, пукале во воздух.
Заминале со автомобил марка „бе-ем-ве“.
Синоќа, оружен грабеж и во Драчево
Околу 19:30 часот, машко лице со пиштол ограбило спортска обложувачница лоцирана кај старата последна автобуска станица на линијата 41, во скопско Драчево. Крадецот, со закана од огнено оружје, извршил разбојништво над вработена во обложувачницата, при што одзел 60.000 денари од касата. Разбојникот носел марама на лицето и по грабежот избегал во непознат правец. Полицијата трага по него.
*поврзана вест Оружен грабеж на обложувачница во Драчево