Пожарот во парк-шумата Гази Баба веќе е локализиран, а под контрола е ставен и оној што денеска изби на депонијата кај Aквапаркот во близина на салата „Борис Трајковски“
Две противпожарни возила и пет пожарникари работат на гаснење на пожар кој избувнал на поголема површина во парк-шумата Гази Баба, информира командантот на скопската противпожарна бригада Ѕвонко Томевски.
Пожарот, како што вели Томевски за „360 степени“, бил во близина на трафостаницата на ЕВН, но нема никаква опасност од поголеми размери, затоа што со навремена интервенција пожарот веќе се локализира.
Тој додава дека и пожарот кој денеска изби на депонијата кај Aквапаркот во близина на салата „Борис Трајковски“ е ставен под контрола.
„Во гаснење на пожарот од изутрината беа вклучени 14 пожарникари со седум противпожарни возила. Пожарот е ставен под контрола и нема опасност за негово ширење на околните објекти, но пожарникарите се се уште на терен и работат на негово целосно гаснење, со оглед на тоа дека станува збор за поголема површина“,
вели Томевски.