Денеска околу 13 часот избувнал голем пожар во густа борова шума меѓу Врбањ и Дол на островот Хвар во Хрватска.
Во 13.40 часот пожар избувнал и кај Застражишќе, а пожарникарите побарале помош од канадери кои пристигнале и учествуваат во гасењето.
Хрватското министерството за одбрана на својот официјален профил на Твитер објави дека испратило два канадера.
„Интензивно го следиме пожарот преку системот на надзорни камери, немаме информации за директна закана за објектите“,
изјавил жупанискиот командир на противпожарните единици, Иван Ковачевиќ, пренесува Јутарњи лист“.
Според него, во гасењето на пожарот се вклучени сите капацитети на островот.
Во моментов нема официјални информации за загрозени објекти, но според снимките и фотографиите се гледа дека гори во близина на куќите.