Тетовец бил нападнат откако предупредил соседи пред зградата дека ги нарушуваат јавниот ред и мир и полицискиот час. Настанот се случил вчера на неколку часа пред да заврши 80-часовното ограничување за движење во комплексот згради „Блок 70“ во Тетово.
„Во 18:30, В.С.(32) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица ‘180’ – Блок 70 во Тетово бил физички нападнат од 23-годишниот С.С., кој со уште неколку други лица, пред зградата во која живеел, го нарушувале јавниот ред и мир и биле предупредени од негова страна. С.С. и В.С. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот“,
информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Во изминатите три дена полициски час, СВР – Тетово регистрирало вкупно 37 прекршувања, од кои 20 се вчера.
За време на викенд полицискиот час казнети се 135 лица за неносење маски, а само во изминатиот 24-часовен период – 27 луѓе.