Главниот хрватски јавен обвинител Дражен Јелиниќ испрати барање до владата во Загреб да биде разрешен од функцијата, бидејќи бил дел од масонска ложа.
Оставката следува по неговиот разговор со министерот за правда Дражен Бошњаковиќ и по повикот од премиерот Андреј Пленковиќ да се повлече, бидејќи во спротивно ќе биде разрешен.
Јелиниќ изјави за медиумите дека од првиот ден ја извршувал функцијата посветено и професионално, а во својата работа се раководел само од Уставот и законите на државата.
Државниот јавен обвинител Јелениќ во вторникот јавно кажа дека е масон. Тој тврдеше дека докторот Никица Габриќ, кој исто така бил масон, се обидел да влијае врз текот на истрагата против тројца новинари, кои наводно го уценувале, барајќи од него 200.000 куни, доколку не сака да бидат објавени фотографии од церемонија на масонската ложа не која тој припаѓал.
Под сомнение дека извршиле обид за изнудување, во петокот полицијата во Загреб уапси тројца новинари