Според него, Преспанскиот договор, Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедство со Република Бугарија на различни начини имаат значителни придобивки за Република Северна Македонија, а како пример за тоа, како што рече Гир, е токму Преспанскиот договор, за кој рече дека се води толку жешка дебата, а кој има донесено големи придобивки за земјата
Очекуваме во најбрзо време да се формира стабилна влада која ќе ги преземе сите неопходни чекори за имплементацијата на сите реформи, со цел што е можно поскоро да ја зачлени земјата во Европската Унија.
Ова денеска го изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на отворањето на „Јуроп хаус“ во Тетово. Тој, одговарајќи на новинарско прашања како ја коментира политичката состојба во државата, посочи дека Меѓународната набљудувачка мисија за изборите веќе дала прелиминарни резултати дека изборниот процес поминал во демократска и мирна атмосфера.

„Ќе соработуваме со сите политички чинители кои ќе работат на постигнување на таа цел, за достигнување на пристапниот процес на земјата и колку што е можно поскоро да го поддржат членството на земјава во ЕУ“,
рече Гир.
Според него, Преспанскиот договор, Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедство со Република Бугарија на различни начини имаат значителни придобивки за Република Северна Македонија, а како пример за тоа, како што рече Гир, е токму Преспанскиот договор, за кој рече дека се води толку жешка дебата, а кој има донесено големи придибивки за земјата.
„Од друга страна, од потпишувањето на договорот меѓу Северна Македонија и Грција, трговијата меѓу Северна Македонија и Грција се има двојно зголемено, развиена е културната соработка, а комуникацијата помеѓу народите на двете земји се има зајакнато исто како и соработката помеѓу двете земји и соработката на воено поле помеѓу војските на двете земји. Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедство со Бугарија исто така донеле различни бенефити. На ЕУ и е важно да се надгради на оваа соработка и да се работи на целосна имплементација на сите договори кои ќе придонесат за поскоро зачленување, односно за забрзување на евроинтегративниот пат на вашата земја“,
вели евроамбасадорот Гир.
На прашањето како ја коментира декларацијата на коалицијата „Европски фронт“ испратена до сите меѓународни институции за етнички изборен легитимитет, Гир одговори дека како амбасадор на Европската Унија не е соодветно, како што додаде, да ги коментира внатрешните политички случувања во земјава.