Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека ќе се воведе задолжително тестирање за сите патници кои се враќаат во Германија од високоризичните области.
„Сакаме добро да се искоординираме со сите германски покраини, кои мораат да воведат задолжително тестирање на аеродромите и железничките станици“,
посочи Шпан.
Тој додаде дека задолжителното тестирање ќе почне во текот на неделата.