Германија веќе обезбеди значителна воена помош, вклучително и хаубици, противвоздушни пушки „Гепард“ и ракетниот систем земја-воздух „ИРИС-Т“
Германија има намера да ѝ испорача на Украина околу 40 оклопни транспортери „Мардер“ во првиот квартал од оваа година, објави владата во петокот.
Официјални лица денеска дадоа повеќе детали за планот, кој означува уште еден значаен развој во германската испорака на оружје за Украина, откако Германија ја објави својата намера да испрати оклопни транспортери „Мардер“ по телефонскиот разговор меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот.
„Тие 40 возила треба да бидат готови веќе во првиот квартал за да можат да ѝ бидат предадени на Украина“,
им изјави портпаролот на Шолц, Штефен Хебестрајт на новинарите во Берлин, пишува Асошиејтед прес.
Германија планира да ги обучи украинските сили да ги користат возилата, а Хебестрејт рече дека експертите очекуваат процесот да трае околу осум недели.
Германија веќе обезбеди значителна воена помош, вклучително и хаубици, противвоздушни пушки „Гепард“ и ракетниот систем земја-воздух „ИРИС-Т“, а оваа година ќе следат уште три такви.