Во наводно пресретната комуникација, според наводите, германски офицери разговараат за можна испорака на крстосувачки ракети „таурус“ на Киев, што германскиот канцелар досега го отфрлаше како опција. Во разговорот, како што пренесуваат светските медиуми, се зборува и за обука на украинските војници, како и за можни воени цели
Германскиот канцелар, говорејќи за време на на посетата на Рим во рамките на конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), го нарече потенцијалното протекување доверлив многу сериозно и додаде дека целиот случај се разгледува многу внимателно и интензивно
Германскиот канцелар Олаф Шолц најави целосна истрага откако на руските социјални мрежи е објавена снимка од наводно пресретната доверлива комуникација на германската армија за војната во Украина, пренесуваат светските медиуми.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Германија за агенцијата Франс прес потврдил дека постојат силни индиции дека комуникацијата на деивизијата на воздухопловните сили на земјата биле пресретнати.
„Во моментов не можеме со сигурност да кажеме дали се направени промени во снимената или транскрибираната верзија што кружи на социјалните мрежи“,
рекле од Министерството, пренесува британски „Гардијан“.
Имено, новинарката на руската државна телевизија и шеф на „Раша тудеј“, Маргарита Симонјан, на својот канал на Телеграм објави аудиодатотека за која тврди дека открива како германски офицери разговараат како да удрат на мостот Крим, кој ја поврзува Русија со украинскиот полуостров, што Москва го анектира во 2014 година.
Во разговорот, се претпоставува дека офицерите разговараат и за можна испорака на крстосувачки ракети „таурус“ на Киев, што германскиот канцелар досега го отфрлаше како опција. Во пресретнатиот разговор, според информациите, се зборува и за обука на украинските војници, како и за можни воени цели. Инаку, Киев долго време ја повикува Германија да и испорача ракети „таурус“, кои можат да достигнат цели до 500 километри.
Агенцијата Ројтерс пренесе дека ја преслушале снимката во времетраење од 38 минути, но велат дека нејзината автентичност засега не може да биде потврдена од независни извори.
Германскиот канцелар, говорејќи за време на на посетата на Рим во рамките на конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), го нарече потенцијалното протекување доверлив многу сериозно и додаде дека целиот случај се разгледува многу внимателно и интензивно.
Руската амбасада во Берлин вчера не одговорила на барањата на медиумите за коментар за наводите за евентуално шпионирање.
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи во петокот на социјалните мрежи изјави дека бараат објаснување од Германија, без да наведе детали за нејзината загриженост.
Германскиот радиодифузер АРД го опиша протекувањето како „катастрофа“ за германските тајни служби.
Според магазинот „Шпигел“ (Der Spiegel), видеоконференцијата за која верува дека пресретната се одржала на платформата „Веб екс“ (WebEx), а не на тајна внатрешна армиска мрежа.
„Ако оваа приказна се покаже како вистинита, тоа ќе биде многу проблематичен настан“,
изјавил Константин фон Ноц од партијата на Зелените за радиодифуизерот РНД.

Говорејќи на дипломатскиот форум во Турција во саботата, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека снимката покажува дека Украина и нејзините поддржувачи воопшто не сакаат да го променат својот курс и сакаат да ѝ нанесат стратегиски пораз на Русија на бојното поле.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова побара од Германија „навремено“ да даде објаснувања за разговорот.
„Обидите да се избегне одговарање на прашањата ќе се сметаат за признавање на вина“,
рече таа.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-шеф на Советот за безбедност на Кремљ, на Телеграм напиша:
„Нашите вековни ривали – Германците – повторно се претворија во наши заколнати непријатели“.
Претседателката на Комитетот за одбрана на германскиот парламент – Бундестагот, Мари Агнес Штрак Зимерман, изјави дека намерата на Москва е очигледна. Таа рече дека Шолц бил предупреден за снабдувањето на Украина со ракети „таурус“.
„Итно е потребно да ја зголемиме нашата безбедност и контраразузнавање бидејќи очигледно сме ранливи во оваа област“,
рече таа за медиумската група „Функе“.
Родерих Кизеветер, од германските опозициски конзервативци, предупреди дека може да протечат и дополнителни снимки, која за весникот „Ханделсблат“ изјави оти смета дека извештаите за пресретнатата комуникација се автентични.
„Русија, се разбира, покажува колку силно користи шпионажа и саботажа како дел од хибридната војна“,
пренесува „Гардијан“ дел од неговата изјава, во која додава оти е можно да има и други протечени доверливи разговори.