Шест противпожарни возила го гасат пожарот во кругот на фабриката „Треска“, а Општина Центар формира кризен штаб за координација и поддршка на акцијата, соопшти предмалку градоначалникот Горан Герасимовски на Фејсбук. Тој вели дека се работи за голем пожар кој зафатил дел од објектите во „Треска“ и ги повика граѓаните да го заобиколуваат тој дел од градот поради настанатиот метеж.
Од Противпожарната бригада на Скопје претходно информираа дека гори магазин во кругот на поранешната фабрика, а огнот зафатил и пластични материјали.
Пожарот предизвика паника кај граѓаните, откако црн, густ чад надвисна над центарот на Скопје.